петок, 5 август 2011 г.

Промотивни обуки во EMBRA Corporation за месец септември


EMBRA Corporation во месец септември ќе одржи промотивни обуки кои ќе се одвиваат во следните термини:

I недела (7-ми септември 2011)
Комуникациски вештини: Како да бидете добар комуникатор

Развиј ги своите вербални и невербални комуникации, научи да препознаваш вербални и невербални гестови и да ги користиш за успешно да ги “прочиташ“ твоите соговорници, научи да ги употребуваш новостекнатите вештини за да ги подобриш професионалните и приватните односи, итн.

Доведи ги недоразбирањата до минимум.

II недела (14-ти септември 2011)
Маркетинг вештини: Како да изградите препознатлив бренд

Издвојте се од масата и бидете препознатливи и оригинални. Научете како да ја зголемите препознатливоста на Вашата фирма и на Вашите производи и како да создадете лого кое им зборува на Вашите потрошувачи, научете сé за бренд и брендирање и овозможете ѝ на Вашата компанија зголемен профит, лојални клиенти и долгорочна препознатливост во општеството и во светот.

III недела (21-ви септември 2011) Teambuilding: Како да го изградите тимот од соништата

Тимската работа е основа за успех на секој бизнис. За да ги остварите своите замисли, потребно е да изградите тим кој ќе функционира беспрекорно, кој ќе има потенцијал да победува и да ги извршува своите задачи во предвидениот рок. Без разлика дали сте на раководна позиција, вработен или индивидуалец кој сака лично да напредува, оваа обука ќе Ве научи како да изградите и како да бидете дел од високо успешен тим кој е хармоничен, усогласен и единствен.

Тимска работа = Помалку “јас”, повеќе “ние”.

IV недела (28-ми септември 2011) ИТ Менаџмент: Како подобро да фукционирате благодарение на технологијата

Создадате вредност на Вашиот бизнис благодарение на технологијата. Сето ова ќе Ви овозможи усогласување на технологијата со вашите деловни стратегии. Технологијата игра значајна улога во подобрувањето на вкупнато работење на секој деловен субјект.


Сите заинтересирани можат да се пријават со пополнување на апликацијата на следниот ЛИНК. Крајниот рок за пријавување е 02.09.2011 (петок) до 14 часот.

Цената за посетување на една обука изнесува 999 денари.


Нема коментари:

Објави коментар