
ПЛАНИРАЊЕ
Бидејќи луѓето се составен дел од неопходно потребните фактори за работа во иднина, јасно е дека треба да се планира и потребата од кадар. Процесот на планирање на кадар се состои од предвидување, поставување цели и стратешко планирање и примена на сето тоа. Организацијата која не ги планира своите потреби од кадар, може да се соочи со потешкотии при остварување на генералните цели.
РЕГРУТИРАЊЕ
Регрутирањето има задача за формирање групи на капацитети во согласност со планот на кадри, да обезбеди и привлече кандидати од кои по пат на селекција организацијата ќе може да одбере потребен кадар. Изворите од кои фирмата ги прибавува потенцијалните кадри се клучен аспект во стратегијата на регрутирањето. Тие можат да бидат интерни – каде се обезбедува потребниот кадар со интерен оглас и акција за изнаоѓање на истиот во самата организација. И, екстерен – обезбедување на кадар надвор од компанијата преку огласи во дневните или специјализирани за тоа весници, преку агенцијата за вработување или приватните такви агенции, препораки или едноставно со посета на колеџ.
Во огласите се наведува: работното место и анализа и опис на истото, потребно образование, вештини, комуникациска способност и датум до кој заинтересираните кандидати ќе можат да аплицираат. Освен бараните услови во огласите се наведуваат и можностите што фирмата ги нуди – динамична и тимска работа, дополнителна обука, можност за понатамошно едуцирање и личен и кариерен развој. И, што е многу битно за огласите е способноста да се избере прав – вистински медиум за нивно објавување.
Освен огласите, обезбедување со кадар може да се врши и преку агенциите за вработување.
Сите невработени лица имаат право и должност да се јават и регистрираат во Агенцијата за вработување во местото на живеење. Со тоа Агенцијата собира информации за образованието, вештините и искуството што го поседуваат невработените. Работодавецот може да се обрати до Агенцијата за своите потреби од кадар или огласот да го објави таму или во некоја приватна агенција, а тие ќе се обидат да му обезбедат соодветен кадар од евиденцијата на невработените лица. Приватните агенции (за вработување) освен вработување нудат можност за барање дополнителна – хонорарна работа за вработени лица.
Регулирањето на кадри може да се врши и со посета на факултети, а посебно на факултети со висока репутацијаи со можен интервју помеѓу работодавците и потенцијалните кандидати или со присуство на факултетите на сајмовите за вработување каде се нудат можности и од една и од друга страна.
Постои уште една поделба на регрутирањето и тоа на општо и специјализирано регрутирање. Општото се применува кога организацијата има потреба од работници од одреден профил, а специјализираното кога има потреба од кадар со строго определени квалификации – стручњак, експерт од определена област.
СЕЛЕКЦИЈА
Селекцијата на кадри е процес на оценување и избор со кои фирмите одлучуваат кого ќе пуштат во своите редови, а кого не, а како последица на големата понуда на пазарот на труд од една и зголемените критериуми при вработувањето од друга страна. Се врши со помош на вообичаените методи – интервјуа, разговори, тестирање на знаењето и вештините на кандидатите. Селекциските интервјуа се дефинираат како развој помеѓу работодавецот и кандидатите со цел на работодавецот да прибере информации и добие претстава за стилот на комуницирање и способноста на изразување на кандидатите. Тестовите се врши писмена проверка и процена на знаењето и одредени способности на кандидатите.
EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и тренинзи за развивање на кариера и бизнис, кариерно советување, проценка на вештини и многу други услуги кои ќе ги направат Вашата кариера и бизнис успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.
Следете не на нашата официјална Facebook страна
Нема коментари:
Објави коментар