Социјализирањето онлајн најверојатно ќе биде тука уште долго време. Социјалните медиуми можат да бидат и се релативно ефтина маркетиншка алатка, која е особено вредна за помали франшизи и бизнис концепти, бидејќи преку неа може да се стигне прилично брзо до голема публика без притоа да се повлечат големи маркетинг трошоци. Тука е важно да се напоменат две работи: прво, и ова ќе го повторувам додека не ми се слоши, социјалните медиуми НЕ СЕ замена за добра и издржана маркетинг стратегија, но рестораните треба да ги имаат во предвид како една од маркетинг алатките кои може да ги користат, и второ, откако еден ресторан ќе одлучи да користи социјални медиуми, тоа користење треба да биде во рамките на претходно подготвен план и поставени цели.
Постојано се среќавам со сопственици на ресторани кои мислат дека социјалните медиуми се како останатите маркетинг трошоци т.е. потребно зло. Ги прашувам, “зошто користите Twitter?“ Одговорот е обично “затоа што конкуренцијата го користи“. Тоа не е издржана маркетинг стратегија. Иако е можеби точно дека Twitter е еден од најдобрите канали во индустријата кога станува збор за користењето социјални медиуми, размислувањето од типот “затоа што мојот конкурент го користи“ може да биде насочено во погрешен правец. Во продолжение следи листа на типични цели кои би можеле да се постигнат преку социјалните медиуми, листа која би требало да послужи како еден вид на патоказ за рестораните полесно да ги дефинираат целите кои сакаат да ги постигнат.
- Зголемување на посетеност на веб страна
- Зголемено генерирање на потенцијални клиенти
- Зголемување на приходи од продажба
- Подобрување на рангот кај пребарувачите како Google
- Подобрување на репутацијата на брендот
- Зголемување на свесноста за брендот
- Намалување на трошоците за привлекување нови потрошувачи
- Подобрување на односите со јавноста (подобар имиџ)
После поставувањето на конкретните цели, треба да дознаете кои канали ги користат луѓето во Вашата индустрија и да одберете кои од тие канали Вие ќе ги користите. Во графиконот даден подолу (преземен од hubspot.com), може да се види дека од четирите големи канали (Facebook, Twitter, LinkedIn, YouTube) најголемиот дел од комуникацијата се одвива на Facebook и Twitter.
Откако ќе одлучите кои канали ќе ги користите, мора да одлучите дали искрено можете да го вложите потребниот напор за одржување на тие канали. Полошо е да започнете со одржување на социјалните медиуми и да се откажете поради слаби резултати (кои се обично резултат на слабо планирање и слабо разбирање за тоа што може и што не може да направи каналот) отколку воопшто да не започнете. Многу е полесно да ги планирате Вашите маркетинг активности откако ќе дознаете каде се одвиваат разговорите релевантни за Вашата индустрија. Среќен лов!
EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди Е-бизнис и ИТ решенија базирани според Вашите потреби. За истите нуди и обуки за правилна употреба. Подетални информации можете да најдете ТУКА.
Следете не на нашата официјална Facebook страна
Нема коментари:
Објави коментар