вторник, 12 јули 2011 г.

Бесплатни промотивни обуки во EMBRA Corporation


ЕМБРА Корпорација во месец август ќе започне со бесплатни* промотивни обуки кои ќе се одржат во следните термини:


I недела (4-ти август 2011) Маркетинг вештини: Како да станете експерт за подготвување маркетинг планови

Одреди ги твоите маркетинг цели и развиј стратегии кои ќе го поддржат исполнувањето на тие цели, формирај го профилот на твојот потрошувач, дознај ги бенефициите од твоите продукти/услуги, најди ја твојата позиција на пазарот, дефинирај ги твоите маркетинг тактики и твојот маркетинг буџет.

Следно: Мирна пловидба.

II недела (11-ти август 2011) Стрес менаџмент: Како да го направиш стресот дел од минатото

Научи ефективно да ги менаџираш своите нивоа на стрес преку дузина забавни техники/вежби и пронајди го балансот во твојот личен живот, во твојата кариера и помеѓу твојот личен живот и твојата кариера.

Звучи како сон, но овој барем можеш да го контролираш.


III недела (18-ти август 2011) Продажни вештини: Како да бидеш најдобриот продавач кој некогаш си го запознал

Пробиј ја твојата нормална продажна бариера: завладеј со уметноста на ефективната комуникација и решавањето на проблеми и научи сѐ за убедлива продажба, компетитивна продажба, самомотивација, самодоверба, самопрезентација, директно јавување без најава, продавање на менаџери и директори, успешно менаџирање на динамиката продавач/купувач, итн.

Следен чекор: Продавање снег на Ескими.


IV недела (25-ти август 2011) Е-Бизнис: Како правилно да комуницирате преку новите медиуми

Новите медиуми не се виртуелни трикови за креирање на илузии, туку нови јазици, со уникатни начини и сили на изразување. Научете како правилно да ги идентификувате целите и бенефициите од користењето на социјалните мрежи, како правилно да го развиете односот организација-потрошувач преку истите и како да креирате стратегии за социјалните медиуми (Facebook, Twitter, LinkedIn, YouTube, Flickr, итн) кои ќе Ви помогнат да ја претставите Вашата компанија на најдобриот можен начин и да ги искористите сите придобивки кои тие ги нудат.

Интеракцијата со клиентите никогаш не била поефективна.


Сите заинтересирани можат да се пријават со пополнување на апликацијата на следниот ЛИНК. Крајниот рок за пријавување е 25.07.2011 (понеделник) до 14 часот.

*Посетувањето на обуките е бесплатно, а доколку учесниците сакаат да се стекнат со сертификат за посетените обуки, истиот се наплаќа по промотивна цена од 499 денари. 



Нема коментари:

Објави коментар