четврток, 17 февруари 2011 г.

Идејата како битен фактор при започнувањето со бизнис



Вреди да се земе во предвид, дека процесот на започнување со бизнис и неговиот развој можат да се појават во некој соодветен временски период. На почетните бизнис идеи им треба време да се оформат и да се истражат.  Можеби на претприемачот ќе му биде потребно да обезбеди финансии и да пронајде партнери, и почетните идеи ќе треба значително да се прочистат пред да се започне со бизнисот. Секој почеток на некој бизнис е единствен настан. Околностите коишто придонесуваат кон успехот се недопирливи и можат да бидат различни за секој претприемач поединечно. Сепак постои потреба да се биде внимателен во врска со размислувањето дека постојат "препорачани  патишта  кон  успехот" –  она што е добро за едниот не мора да биде и за другиот. Сепак, интервенцијата  и  поддршката сеуште играат улога во процесот на започнувањето со бизнис.


 ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА МОЖНОСТИТЕ


Претворањето на една идеја во можност за бизнис е клучен елемент на процесот на создавање на бизнис. Движејќи се од фазата на идеја, до експлоатирање на можноста, се бара постоење на многу елементи. Економската средина треба да биде соодветна, културата мора да биде соодветна за превземање на ризик и новиот  претприемач мора да верува во тоа, една идеја да ја спроведе според можностите. Можностите се создаваат случајно. Промените можат да бидат политички, економски, социјални, демографски или технички. На пример, економската промена може да ја карактеризира период на економски раст и зголемена побарувачка, што  може  да  создаде  можност  за  нови  бизнис  идеи,  коишто ќе ги искористат   зголемената  добросостојба,  слободното   време   и  потрошувачката моќ на населението. 
                                           
Порастот на индустријата на слободното време (забавата) поттикна голем број на нови можности, отворајќи нови пазари na полињата како што се спортот, годишните одмори и патувањата. Зајакнатиот ритам на технички промени создаде можности за нови бизниси во нови технологии, во нивиот развој на информациската технологија, како што е интернетoт во нови апликации во биотехнологија. Социјалните и демографските промени можат да создадат можност преку промена на однесувањето или преку создавање на нови пазари кај постарата популација. Тие фактори се генератори на промените,  но користејќи ги ваквите промени за создавање на нови бизниси се бара од новите претприемачи да создадат идеи коишто ќе се вклопат во можностите. Тоа е комбинација којашто е важна. Културните моменти во однос на ризикот и неуспехот исто така се одразуваат на тој процес. На пример, се знае дека во Велика Британија е пониско нивото на толеранција за неуспех, отколку кај другите нации како на пример  во САД  и се разликува приодот на првеземање на ризик. Културните фактори очигледно се недопирливи и тешко се одредуваат, но тие помагаат во одредувањето дали претприемачот којшто има идеја за бизнис и ја има согледано можноста, ќе биде охрабрен или ќе се откаже од обидот да ја искористи таа можост. Доколку неуспехот строго се казнува како што е тоа случај во Велика Британија, тогаш стравот од неуспех може да претставува значителна пречка во тој процес. Постоењето  на модели исто така ќе влијае врз таков еден процес. Во Шкотска е направен намерен обид за создавање на повеќе модели на нови и неодамна успешни претприемачи преку публикацијата на најважните како "шкотски херои". Други развои за создавање повеќе модели и "видливи" примери на недоволно застапени групи исто така беа направени во Велика Британија, на пример со успешни жени-претприемачи од црнечко потекло. Целта на претставување на вакви модели е да се отстрани една од бариерите во процесот на создавање на нови бизниси: модели помагаат во идентифицирање со успехот, во охрабрување на следниот степен на развој на бизнис идеи и одредувањето на правите идеи.


EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и тренинзи за развивање на кариера и бизнис, кариерно советување, проценка на вештини и многу други услуги кои ќе ја направат Вашата кариера успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.


Аврамовски Дарко
EMBRA Corporation



Нема коментари:

Објави коментар