Можеби сте претприемач во кој гори “жешка” идеја. Ќе ги “искористите “ семејството, пријателите, соседите, фирмите со шпекулативен капитал и банките за помош. Ќе ветите неколкукратен поврат. Ќе објаснувате дека не се работи за милостина, туку за шанса за инвеститорот да направи пари додека ви помага да изградите извонреден нов бизнис.
Или може да сте сопственик на мал бизнис кој налетал на проблем со готовина. Ќе се залетате во вашата банка, молејќи за продолжување на кредитот. Ќе треба да го направите најдобриот план за да ја убедите банката дека ќе бидете во можност да ги вратите назад средствата со камата! Можеби ќе треба да се обратите на друга банка или на пријатели, семејство или на соседи за финансиска помош за да ја пребродите кризата во вашиот бизнис.
Или можеби ќе бидете дел од брзорастечка голема фирма на која ѝ треба значителен износ на готовина за да изгради нови фабрики или да навлезе на нови пазари. Доколку сте заменик-претседател на компанијата задолжен за финансии, ваша работа е да ја замислите најдобрата мешавина на извори на инвеститори што треба да ги барате-комерцијални банки, инвестициски банки, емисија на удели, заложници. Треба да покажете дека растот на компанијата е реален и дека богато ќе ги награди инвеститорите.
Конечно, можеби припаѓате на голема компанија што има големи проблеми. На вашата компанија сериозно ѝ се потребни средства, но на неа се гледа како на лош ризик. Инвеститорите ќе бидат на располагање, но со висока цена на капиталот.
Како фирмите со проблеми привлекуваат капитал со не толку штетен трошок?
РЕШЕНИЕ: МАРКЕТИНГ
Веруваме дека маркетинг-концептите може да им помогнат на сите овие типови фирми подобро да ги привлечат средствата што им се потребни. Нашиот одговор не е да затропате на вратите на секој можен инвеститор во надеж дека конечно ќе најдете добродетел. Маркетинг-теоријата и практиката вклучуваат високодисциплиниран пристап за утврдување на најдобрите извори на капитал и нивно убедување во висок сооднос на награда наспроти ризик при давањето на заем на нивните средства. Секоја деловна личност во суштина се натпреварува за капитал и мора да продава со цврсти факти и убедувачки аргументи.
ИЗВОР: ATTRACTING INVESTITORS: an marketing approach to finding funds for your business by Philip Kotler, Hermawan Kartajaya, S. David Young
EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и советувањa за спортисти, менаџери, маркетинг и психолошки советувања и многу други услуги кои ќе ја направат Вашата кариера успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.
Димитриевска Весна
EMBRA Corporation
Нема коментари:
Објави коментар