петок, 11 февруари 2011 г.

Визуелните симболи на Лигата на шампионите


Најјасните визуелни симболи на UEFA Лигата на шампионите се повторно комбинација од старото и новото. Трофејот, кој што се користи уште од 1967-мата година е ултимативниот визуелен амблем на најдобрите Европски фудбалски клубови, играчи и на самото натпреварување. Ѕвездената топка била дизајнирана со цел да ги рефлектира осумте тимови кои останувале во двете фази по групи следејќи ја иницијалната реформулација на натпреварувањето. Секоја ѕвезда внатре во топката претставува еден елитен клуб од Европскиот фудбал. Ова уште еднаш ја нагласува важноста на овој единствен визуелен имиџ и притоа постои мал сомнеж дека симболот е од огромно значење за UEFA. Според спортскиот консултант Richard Markell: "Логото на UEFA Лигата на шампионите е една модерна класика која ги опфаќа во "starball“ симболот елитниот свет на Европското клубско натпреварување и класичните натпревари помеѓу топ клубовите. Постои една посебна аура на гламур во врска со овој настан".


Директорите на TEAM Craig Thompson i Ems Magnus забележале како музичката тема и ѕвездената топка работат заедно како дел од заедничката тема за престиж и традиција: "Едноставното но впечатливото ново лого во комбинација со класичната музичка тема му дава на натпреварувањето една возвишена слика и чувство за престиж".

Во контекст на политиката на Европскиот фудбал, UEFA паметно ја искористила можноста за ребрендирање како можност за консолидирање на сопственото присуство како легитимен организатор во Европското клубско натпреварување. Главниот директор на TEAM Richard Worth исто така ја потврдил желбата на UEFA:  "никогаш да не се разделат ѕвездената топка и лакот на UEFA". 

Боите на куќата- црната, белата и сребрената биле специјално избрани за да генерираат конотации на историја, престиж и скапоценост. На пример King тврди дека црната и белата будат сеќавања за старите телевизиски снимки од Европскиот Куп, особено поврзувајќи го модернизираното натпреварување и маркетирањето на концептот со стариот Европски Куп, а пак дека сребрената боја ја рефлектира историјата на турнирот, како и скапоценоста која е преведена во трофејот. Употребата на црната, белата и сребрената дозволува за позадина да се избере темно сината. Кога сребрената постепено преминува во темно сина, тоа е јасно потсетување на историјата и гламурот на Европскиот Куп. Боите користени при брендирањето на Лигата на шампионите, придонеле таа да се разликува од другите натпреварувања во поглед на визуелниот изглед, истиот ефект беше постигнат и со употребата на класичната музика за официјалната химна на Лигата на шампионите.


Трофејот


Топката од ѕвезди, химната и боите на клубот беа аудио-визуелните креации кои се појавиле во Европскиот Куп, и останува трофејот кој стана најпрестижниот симбол на ова натпреварување. Занимливо, низ најголемиот дел од натпреварувањето трофејот не бил користен при брендирањето на Лигата на шампионите. Пред финалето во Минхен во 1997 имиџот на пехарот неможел да се користи од легални причини, меѓутоа, од 1997 година  имало одалечување од концептот на UCL брендот за финалето, при што во оваа специфична вежба UEFA и ТЕАМ го искористиле симболизмот на трофеј, еден од најпознатите икони во светот на фудбалот.

Со ограничувањето на користењето на трофејот до самото финале, неговата вредност и големина била уште повеќе зголемена. Craig Thompson, го објаснува развојот на своето разбирање за специјалниот трофеј: "Како Американец овој пехар навистина не ми значеше многу. Но кога видов каква икона претставува за луѓето во Европа, почуствував дека треба подобро да го искористиме за промовирање на финалето и натпреварувањето. Така започна традицијата на понудување на трофејот на градот домаќин еден месец пред финалето, со што церемонијата на доделување стана еден основен дел од самото финале".

Брендирањето на финалето станало се по карактеристично и било дизајнирано со цел да се соедини имиџот на натпреварувањето и пехарот со културни карактеристики на земјата домаќин и градот. Во Истанбул во 2005 година, имиџот и линиите на пехарот биле јасно адаптирани и инкорпорирани со симболизмот и боите на Турција и архитектурата на домашниот стадион- месечината, ѕвездите и темноцрвената боја. Според English i Pocket агенција за дизајн која била одговорна за брендирањето на финалето: “Брендирањето на настанот го спојува идентитетот на Лигата на шампионите со националното знаме на земјата домаќин преку клучните графички елементи-месечината и ѕвездата. Традиционалните дизајни од Турската џамија беа комбинирани со црвената боја на знамето за да се креира еден својствен графички стил”.

Финалното брендирање прими едно огромно покривање во Истанбул. Од аеродромот до центарот на градот сите бандери биле украсени со графичкиот дизајн специјално направен за финалето на Лигата на шампионите, оставајќи доволно простор за рекаламирање на официјалните спонзори на Лигата на шампионите. Брендирањето на Лигата на шампионите носи историја и престиж, и со интегрирањето на трофејот во сево ова е зголемено значењето на самото финале.


EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и советувањa за спортисти, менаџери, маркетинг и психолошки советувања и многу други услуги кои ќе ја направат Вашата кариера успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА
  

Димитриевска Весна
EMBRA Corporation





Нема коментари:

Објави коментар