
Маркетинг-теоријата и практиката може да им помогнат на компаниите делотворно да се натпреваруваат за капиталот. Оној што бара капитал мора да ги истражи најсоодветните извори на финансирање и да не губи време, повикувајќи го секој можен финансиер. Компанијата мора да го приспособи својот бизнис и презентација за секој финансиер врз основа на нејзиното разбирање за тоа што секој финансиер го вреднува и бара. Компанијата мора да презентира убедлив доказ за својата способност да ги исполни ветувањата.
Солидниот маркетинг е суштински за секоја компанија што сака целосно да ги искористи предностите на своите извори на финансирање. Со вистинската стратегија, поддржана со соодветни тактики, оние што бараат парични средства може да ја зголемат веројатноста за добивање на посакуваните парични средства од пазарот на капиталот.
Во првата фаза, компанијата има задача да подготви стратегијата за пазарот на капиталот. Стратегијата вклучува три последователни чекори: сегментација, насочување и позиционирање. Делотворната сегментација бара креативен кластеринг на потенцијалните инвеститори во согласност со нивните разновидни потреби, перцепции, сколоности и однесувања. Таргетирањето вклучува одлука кои сегменти да се следат. Конечно, компанијата мора да се позиционира за менталитетот на потенцијалните инвеститори со цел да го добие нивниот интерес и посветеност.
Во втората фаза, компанијата разработува тактики за вклучување на пазарот на капитал. Таа користи диференцијација, маркетинг-микс и продажба. Диференцијацијата е суштинската тактика бидејќи во неа е клучот за истакнувањето пред конкуренцијата. Ова се прави со уникатно мешање на содржината, контекстот и инфраструктурата насочени кон силно ментално освојување и освојување на срцата на целните инвеститори. Компанијата тогаш создава маркетиг-микс што корисно ја комбинира понудата и пристапот до компанијата. За да се примени тактиката, сега е потребно продавање. Продавањето има намера да ги убеди инвеститорите за добивките што произлегуваат од заемно корисниот долгорочен однос.
Конечно, оној што бара парични средства мора да обезбеди дека ја добива саканата вредност во пазарот на капиталот. Трите потребни елементи потребни за ова се бренд, услуга и процес. Компанијата мора да развие силен бренд кој ќе биде показател на нејзината вредност. Потоа, таа мора да ги исполни или надмине очекувањата на инвеститорот испорачувајќи добра услуга. Последниот елемент, процесот, и овозможува на компанијата да испорача вредност за своите инвеститори преку разни синџири на активности што вклучуваат испорака на информации за успешноста за инвеститорите. Во практиката, стратегијата, тактиката и вредноста мора да се балансирани. Потоа, тие заедно ќе работат ментално да ги освојат инвеститорите, пазарот и нивните срца.
EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и советувањa за спортисти, менаџери, маркетинг и психолошки советувања и многу други услуги кои ќе ја направат Вашата кариера успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА.
Димитриевска Весна
EMBRA Corporation
Нема коментари:
Објави коментар