среда, 11 јули 2012 г.

БРЕНД МЕНАЏМЕНТ - 1 дел



КАКО ДО УСПЕШЕН БРЕНД?
ВОВЕД

Живееме во свет во кој се се врти околу брендовите.

Пред триесетина години најчесто користен збор во жаргонот на големите корпорации беше поимот „маркетинг“. Денес нов збор кој веќе стана неразделен од маркетингот е зборот бренд и од него изведениот поим брендинг.
 


Во маркетингот брендот е симболичен приказ на сите информации поврзани со производот. Производ е било што што се понудува на пазарот, а кое ги задоволува потребите и желбите. Сепак, станува збор за многу повеќе од обичен физички објект. Се работи за целосен „пакет“ на бенефиции или задоволства за кои купувачот верува дека ги добива доколку го купи производот. Тоа се збир на сите физички, психолошки, симболички и услужни карактеристики.

Современиот потрошувач(купувач) е хедонистички идеалист: сака да биде дел од решението на светските проблеми за зачувување на животната средина, но сака да ужива и во трошење. Затоа општествената одговорност и оддржливиот развој претставуваат многу важни елементи на корпорацицкиот бренд, но и обврска на индустријата за огласување и рекламирање во процесот на саморегулација.


ПОИМ И ПОЈАВА НА БРЕНД И БРЕНДИНГ

Брендингот е бизнис и филозовско размислување за светот што не опкружува и бизнисот во тој свет на почетокот на 21–от век. Во овој контекст постојат две парадигми:  Размислувам, значи брендирам” на компаниите; Купувам, значи постојам” на потрошувачите.

Брендингот се доживува и прифаќа како една модерна иновативна брендинг филозофија на добро кажана вистина. Брендот се создава со долготрајна, упорна и трпелива работа на формирањето на сопствената понуда. Познато е дека сите обиди за создавање на брендови не доведуваат до брендови. Внимателното планирање и постојаното долгорочно вложување се фундаменти за создавање “силен” бренд. Тоа значи дека бренд менаџментот станува клучна компонента на маркетинг менаџментот. Констатиравме дека брендот се создава (во процес), а не се прогласува (во момент). Треба да се знае и секогаш да се има во предвид, дека еднаш создадениот бренд не претставува гаранција за вечност. Брендот се креира и создава, но тој со времето се менува и губи.Создавањето на јак или силен бренд е фокусирано на потрошувачите. *


ЗА ШТО СЛУЖАТ БРЕНДОВИТЕ?

На стопанството му требаат како поврзувачи на маркетингот и финансиите, додека пак на пазарот креираат легална бариера кон конкуренцијата и создаваат разлики на пазарот на стоки.

Брендингот настанува како резултат на глобалниот пазар, односно на неверојатното зголемување на понудата. Брендот е можност комуникациите да попримаат нормален карактер. Во тој контекст контролата на сопствениот имиџ (форма) и контролата на идентитетот (суштина, карактер, емоција), се суштина на брендирањето. Во постојаната иновација брендовите го иновираат и контекстот во кој функционираме, технологијата, културата, општеството и државата. 

Брендирањето е специфична мешавина на дизајн и бизнис стратегија, додека успешен бренд се создава со концептуализација на бизнис идеја, која користи дизајн за визуелно артикулирање. Крајната цел е создавање на емотивна трансакција, размена и лојалност. 

Всушност брендингот е модерна маркетинг дисциплина, неопходна за развој на бизнис, култура, но и држави и општествени заедници во целост. Брендирањето станува водечка доктрина во развојот на економијата, општеството и културата.


КАКОВ Е ПАТОТ ОД ПРОИЗВОД ДО БРЕНД?

Секогаш на почетокот се создава производ или услуга, кои подоцна во процесот на брендирање, преку марка прераснуваат во бренд. Брендот е далеку поголем во смисла на вредноста што производот ја испорачува, затоа што станува збор и за ветување, начин на комуницирање, воспоставување на асоцијации и предизвикување на емоции односно „психолошки договор“ помеѓу потрошувачот/корисникот и брендот. 

Најпрвин мора да се сфати организацијата, визијата што таа ја има, вредностите што ги поседува и сака да ги достигне, како и мисијата што сака да ја оствари.

Нема коментари:

Објави коментар