понеделник, 18 јуни 2012 г.

Успешните од неуспешните


Во едно истражување темелено на споредбата на особините на оние што успеале и оние што не успеале да дојдат до врвот на компанијата, туку непосредно пред тоа паднале, се искристализирале важни разлики. Главно се разликувале во едно подрачје на менаџерската работа, односно во интерперсоналните способности. Најочигледна била разликата во односот со луѓето. Оние што не успеале да дојдат до врвот често се карактеризираат со следниве особини: нечувствителност за другите, немање самодоверба, ладнокрвност, дистанцираност, ароганција, прекумерна амбициозност, лоша волја, дефанзивност и слично. Наспроти нив, успешните се карактеризираат со разбирање за другите како и следниве особини:

- Постигнување и амбиции. Тоа се амбициозни луѓе кои покажуваат висока потреба за постигнување и голема одлучност. Имаат позитивен пристап кон животот и висок степен на самодоверба, веруваат дека управуваат со сопствениот живот (односно имаат силна димензија за внатрешната контрола).


- Способност да се учи од неуспехот. Поголемиот број ја искусиле тешкотијата на назадување и проблеми за време на кариерата, но тоа го искористиле како можност за учење во развојот.

- Висока посветеност на работата и работна енергија. Сите работат многу часови (60 до 70 неделно) и работата ја сметаат за најважна во своите животи.

- Големи аналитички способности за решавање на проблемите. Имаат способност да го анализираат проблемот и да најдат успешно решение, што вклучува способност за поставување на јасни цели, енергија и посветеност да ги постигнат и подготвеност да преземаат пресметан ризик.

- Изразито умеење за работа со луѓе. Сите се свесни дека целите на организациите можат да се постигнат само со развивање на отворен стил. Кога е потребно знаат да употребат и моќ и принуда.



- Висока инвентивност. Подготвени се на промени и во тоа не се ограничени од постоечкиот состав, туку ги доведуваат до прашање постоечките процедури и претпоставки. Повеќе би произведувале нешто ново, отколку да модифицираат нешто што веќе постои.

 Понатаму се потребни и други особини за да се постигне високо ниво на успешност како што се:

- Висок степен на интелигенција.
- Висок степен на самодоверба.
- Објективност во перципирањето на себеси и на другите.
- Висок степен на особини на добар менаџер.


Нема коментари:

Објави коментар