Starbucks не само што број еден во индустријата за продажба на кафе туку е број еден како најангажиран бренд на интернетот. Дали преку Facebook или Twitter, луѓе кои се често на социјалните мрежи сигурно барем еднаш навратиле на прифилите на Starbucks coffee.Како гигантот за кафе успеа да се искачи на скалата до својата слава?
Се што направи Starbucks за својот успех offline, истото успева да го повтори и online. Нивниот имиџ, асоцијација и порака се конзистентни со нивната искреност и посветеност на поврзувањето со потрошувачите.
Но што всучност направи компанијата?
Twitter
Кога ќе се најдете на Starbucks Twitter профилот, ќе забележите дека најголем дел од „твитовите“ имаат „@“ на почетокот. Наместо рекламни пораки, компанијата се реши да посвети повеќе време во интеракција со своите следбеници. Таа одлука се покажа како голем успех. Starbucks успеа да ја преведе моќта на брендот во online светот. Креирајќи интернет личност со која луѓето можат да се поврзат со бизнисот кој успева да понуди интересни работи за своите фанови, сето тоа компанијата го постигна преку Twitter.
Преку ваквите платформи брендовите имаат можност да останат тесно поврзани и во контакт со своите потрошувачи. За жал, голем број брендови што се поставија себеси на Twitter всушност избраа да завземат снобовски пристап. Наспроти ова Starbucks успеа да се стави на местото на потрошувачите со цел подобро разбирање и константно подобрување на својот имиџ.
Facebook
Starbucks профилот најпрво започна како неофицијален профил креиран од корисник. Дури во Октомври 2008 година компанијата го превзема овој профил и стави официјален печат на страната. Од почетните 200,000 до денешните 25,310,977 профилот прерасна во еден од најголемите и најпосетуваните на Facebook. Со креативни текстови, извештаи од корисници и потрошувачи и со анкети, фановите се постојано окупирани и врзани кон профилот на гигантот за кафе.
Постојано има текстови од фанови кои се поврзуваат со профилот за да ги пофалат или да се пожалат од услугите на компанијата. Секако постојат и голем број пијалоци за кои фановите прв пат дознаваат на самиот профил па се привлечени да ги пробаат па подоцна да ги коментираат и да го дадат своето мислење на самиот профил. За разлика од другите социјални платформи, профилот на компанијата дозволува фановите да комуницираат, да споделуваат и дискутираат. Огромно, топло и пријатно општество се креира околу профилот на Starbucks што го одржува брендот во живот со помошта и инволвираноста,секако, на своите фанови. Како што тврди компанијата, не станува збор за фан страна или квалитет на кафето што се нуди, туку станува збор за креирање заедница.
MySturbucksIdea.com
„Помогнете да ја креираме иднината на Starbucks – со Вашите идеи“
Вие самите си знаете што најмногу сакате од Starbucks. Со оваа парола компанијата ги отвори вратите на потрошувачите да ги дадат своите креативни идеи, револуционерни или едноставни, со цел да се подобри искуството што фановите го добиваат од својот омилен бренд. Фановите беа поттикнувани да ги споделуваат своите идеи, да коментираат на идеите на останатите фанови и да се вклучуваат во дискусии со самата комапнија.
Сите знаеме давањето креативна идеја и нејзиното имплементирање се две различни работи. Но тука Starbucks си го оддржа своето ветување. Најдобрите и најдискутираните идеи беа поставени на профилот за да огромниот број фанови гласа за најдобрите идеи бидат пуштени во акција.
Пример од анкетата на идеи:
#1: Treat Receipt (31% од гласовите)
#2: Mini Starbucks Card (26% од гласовите)
#3 Real Food, Simply Delicious (23% од гласовите)
#4: Strawberry Banana Vivanno™ Smoothie (12% од гласовите)
#5 Reusable Totes (8% од гласовите)
#2: Mini Starbucks Card (26% од гласовите)
#3 Real Food, Simply Delicious (23% од гласовите)
#4: Strawberry Banana Vivanno™ Smoothie (12% од гласовите)
#5 Reusable Totes (8% од гласовите)
Можноста потрошувачите да се вклучат во креирањето на подобра понуда на кафе и слободата да коментираат, гласаат и споделуваат креираше огромна поврзаност меѓу компанијата и нејзините лојални фанови. И покрај сите креативни обиди за интеракција со своите корисници, компанијата го задржа фокусот на креирање заедница заедно со своите потрошувачи.
Не би се чувствувале одлично кога знаете дека и Вие самите сте го дале својот придонес за креирање на одличната понуда што ја нуди најголемиот гигант за кафе на преку 25 милиони корисници ширум светот?
Заклучок:
Успехот на Starbucks не се огледа во неговата големина туку во посветеноста да ги ислуша своите потрошувачи. Во секој случај, дали за пофалба или критика, компанијата има голем број фанови кои се спремни да ги дадат своите критики и мислења и да му помогнат на својот омилен бренд.
Брендот е ветување. Ветување дека фановите ќе добијат повеќе од само производ. Ветувањето вклучува почите, вклученост во одлучувањето, комуникација и чувство за припаѓање на една голема заедница со која делите барем еден заеднички интерес.

Нема коментари:
Објави коментар