
Акциите на Apple на отварањето на трансакциите започнаа со вредност од 374,57 долари и се спуштија до 355 во дневните трансакции, а според извештајот на Techcrunch акциите паднале за 20 берзански поени. Сепак, падот на акциите се поистовети со паѓањето на целиот пазар, во време кога Dow бележеше пад од 1,5% и Nasdaq со пад од 1%. Акциите на Apple бележеа добар период во претходните неколку месеци, надминувајќи 400 долари по акција во Јули и достигнувајќи го врвот од 422 долари во Септември.
Компанијата објави интересни статистики за нејзината доминација во музиката, мобилните уреди и апликациите. Но голем дел од овие статистики веќе беа еднаш објавени пред почетокот на летото на WWDC конференцијата за развој на компанијата. Сеуште компанијата покажува обиди да го претстави Тим Кук како ефективна замена за Стив Џобс. Гласините за iPhone 4Ѕ почнаа да се шират во последните неколку дена, но не од официјалните доверливи извори. Мнозинството од светот на технологијата го очекуваше новиот iPhone 5, и тоа со добра причина.
Овие денови инвеститорите беа во исчекување на огромно изненадување, но како и многу други, останаа разочарани.
Нема коментари:
Објави коментар