вторник, 27 септември 2011 г.

13 години Google


Пред 13 години се роди Google. Денес најголемиот веб пребарувач што постои. Од своето креирање оваа компанија има успешни обиди да го диверзифицира своето работење во повеќе области. Креиран од Лари Пејџ и Сергеј Брин, најпрво под името BackRub, потоа го менува името во Google, водејќи значење од зборот gоogol, поим што означува количество претставено преку  бројот 1 следен од 100 нули, што би се поистоветувало со целта да компанијата сподели големи количества информации до голем број луѓе. Тоа е цел во која можеме да се увериме и денеска дека успешно е спроведена. 


Подолу е кратка историја за патот на Google од неговото оригинално именување до денес:

1996-1997 Транзиција од BackRub во Google

1998 Креаторите добиваат 100,000 долари од Енди Бектолшејм. Ја поставуваат својата канцеларија во гаража во Меннло Парк, го вработуваат својот прв вработен Крег Силверстејн и ја поставуваат својата прва страница која личи на Yahoo! бидејќи Google е тогаш сеуште Google

1999 Го добиваат својот прв поголем капитал од инвеститорските фирми Sequioa Capital Caufield Perkins & Bayers во вредност од 25 милиони долари.

2000 Google станува основниот веб пребарувач на Yahoo и е прогласен за најголемиот веб пребарувач на веб мрежата.

2001 Лансирана е опцијата Google ImagesSearch

2002-2003 Се лансираат голем број апликации како AdSense, Google Search Appliance, Google Labs и други. Потоа се преселуваат во Mountain View во нивното седиште познато како Googleplex.

2004 Се лансираат  3D EarthViewer и Gmail.

2005 Се лансираат Google Maps, a Earth Viewer-от е преименуван во Google Earth.

2006-2007 Го купуваат YouTube за 1,65 билиони долари во акции и ја лансираат својата мобилна платформа Android.

2008 Google Chrome, open-source веб пребарувач е лансиран,а промовиран е и првиот Android телефон G1

2009 Лансирани се GoogleWave и Picasa

2010 Лансиран е Google TV и креирани се партнерства со Sony, Intel и Logitech. 

2011 Лансиран е обид да се влезе во водите на социјалните мрежи преку Google+, проект кој се претпоставува дека ќе биде еден од најуспешните. Ја придобиваат Моторола Мобилити за 12,5 билиони долари.

2012? Плановите за во наредната година се претпоставуваат дека ќе бидат насочени кон симнување од врвот на продажбите на iPhone и iTunes на Apple. 
 
  

Нема коментари:

Објави коментар