понеделник, 24 јануари 2011 г.

Централна маркeтинг стратегија во Лигата на шампиони


Критичната комерцијална транзиција на Европскиот Куп во Лигата на шампионите била одлучувачка за централизација на комерцијалната, маркетинг и бренд контрола на натпреварувањето. Концептот за централен маркетинг управуван од TEAM и UEFA и дозволува на UEFA самата да ги "оптимализира" и контролира приходите генерирани од натпреварувањето. Претходно, клубовите кои учествувале во Европскиот куп самите биле одговорни за продажба на сопствените телевизиски и комерцијални права. Тие права сега се пренесени од клубовите во UEFA во замена за фиксни исплати од централниот фонд, чии средства се генерирани од централната продажба на телевизиските, спонзорските и другите комерцијални права од страна на TEAM во име на UEFA.

Исплатите до клубовите се дистрибуираат според нивните спортски достигнувања и пазарите на кои тие настапуваат. Клубовите кои учествуваат на поголемите пазари добиваат поголеми исплати поради тоа што нивните телевизиски права се повеќе вредни. Со преносот на правата од клубовите во UEFA, клубовите кои учествуваат на најголемите пазари очекувале дека ќе примат надокнада или поголеми приходи, од оние кои би ги примиле доколку би ги продавале своите права индивидуално. Преку централна продажба на телевизиските и спонзорските права, UEFA е способна да направи поголемо ниво на  приходи отколку вкупните приходи генерирани од клубовите продавајќи ги своите права индивидуално.


Телевизија

"Спортскиот производ" - Лигата на шампионите ја дава основата за "телевизиски спектакл". Фудбалот е клучен управувач на телевизискиот аудиториум во Европа и телевизијата според тоа е клучен добавувач на приходите во Европскиот фудбал-посебно Лигата на шампионите. Во сезоната 2004-05, било проценето дека секоја недела  320 милиони подржувачи ја гледале Лигата на шампионите. Во сезоната 2003-04, 79% од вкупниот приход кој изнесувал 883 милиони швајцарски франци биле генерирани преку продажба на телевизиските права. Според директорите на TEAM, Craig Thompson и Ems Magnus, почетната намера била да се создаде "UEFA Лига на шампиони телевизиска мрежа" со ексклузивни национални телевизиски станици, како средство со кое ќе се осигураат премиските стапки од free-to-air преносот. Ова сочинува важен аспект од TEAM/UEFA политиката-да се оптимализира, наместо да се максимизира приходот, покажувајќи ја желбата да се обезбеди поширок пристап до турнирот ширум Европа како средство за развој на UCL брендот, но и како средство за максимизирање на спонзорските приходи.

Новиот облик на лигата создал измамлив производ за емитерите, со фиксен распоред од 6 натпревари кој започнуваат во исто време. Порастот на бројот на тимови кои доаѓаале од главните фудбалски нации дополнително ја зголемиле атрактивноста на турнирот на најголемите пазари. После интервенцијата од страна на Натпреварувачката комисија на ЕУ, UEFA била принудена да ја отвори продажбата на телевизиските права и за другите емитери, но free-to-air елементот и понатаму останал важен аспект во развојот UCL брендот. Покрај надокнадата за правата, од ТВ компаниите било побарано да обезбедат програма за официјалните спонзори и да им ги дадат "најдобрите цени и простор за комерцијалните рекламни блокови во текот на одигрувањето на натпреварите".

Примената на централниот маркетинг и овозможил на UEFA да генерира огромни приходи за клубовите. Од 1992 година UEFA рамномерно распределила вкупно 5122 милиони Швајцарски франци за клубовите, од кој поголемиот дел биле генерирани од продажба на телевизиските права. Од вкупните приходи заработени во сезоната 2003-04, 633 милиони Швајцарски франци биле доделени во вид на премии за клубовите кои учествувале во натпреварувањето и 250 милиони Швајцарски франци биле задржани од страна на UEFA за покривање на тековните трошоци и за развој на Европскиот фудбал.

Нови медиуми и лиценцирање

Покрај приходите од телевизиските права и спонзорствата кои го сочинуваат најголемиот дел од доходот на Лигата на шампионите, комерцијалната оптимализација на натпреварувањето е зголемена и преку продажбата на новите медиумски права и правата за лиценцирање. Официјалната adidas топка на пример, е најдобро продаваниот лиценциран производ. Како друг лиценциран производ се јавува и Champions (официјалниот UCL магазин).

Новите медиуми исто така овозможуваат растечките приходи да бидат искористени. Во сезоната 2003-04, новите медиумски права генерирале повеќе од 5 милиони швајцарски франци. Новите медиуми станале позначајни од моментот кога Директоратот на Европската Комисија на Натпревари дал приговор на заедничкото продавање на права. Една од Причините за интервенцијата на Комисијата била дека "на интернет и телефонските оператори им бил забранет пристап до правата" и дека "освен влезот во клучните спортски содржини исто така се задушува и развојот на спортските услуги на интернет и на новата генерација мобилни телефони". Во спогодба со Комисијата, UEFA ја отворила продажбата на правата на новите производи, со што ги поделила правата со клубовите. UCL снимки се пренесуваат на UEFA сајтот (www.uefa.com) и се продаваат со месечни или годишни претплати на девет јазици. Снимката е исто така достапна преку web-сајтовите на клубовите, за да можат клубовите сами да ја користат. За да се заштитат правата на пренесувачите ( broadcasters), оваа содржина е достапна после полноќ на денот на одигрувањето на натпреварите. Третата генерација на мобилни телефони исто така била искористена. Wireless содржина која вклучува видео highlights, текст коментари и слики кои се достапни во триесет и пет земји преку операторите како што се Vodafone, Orange и T- Mobile. Иако приходите од новите медиуми претставуваат само 6 % од вкупните приходи, се очекува тие да станат неверојатно важни. Интересно е и тоа дека новата медиумска содржина е една област каде има одалечување од  централниот маркетинг концепт. И клубовите и UEFA биле среќни со резултатот од интервенцијата на Комисијата со што и се дозволи на UEFA да продолжи со контролата на највредните телевизиски права.

EMBRA Corporation како дел од своите услуги нуди обуки и советувањa за спортисти, менаџери, маркетинг и психолошки советувања и многу други услуги кои ќе ја направат Вашата кариера успешна. Подетални информации можете да најдете ТУКА
  

Димитриевска Весна
EMBRA Corporation


Нема коментари:

Објави коментар