четврток, 6 октомври 2011 г.

Хронологија на кариерата на Стив Џобс


Стив Џобс, ко-основач и извршен директор на Apple Inc, почина на својата 56 година. Подолу се поставени поважните датуми од неговиот живот и работа:

1955 – Стивен Пол Џобс е роден на 24 Февруари

1972 – Се запишува на Рид Колеџ во Портланд, Орегон но се откажува веднаш по еден семестар.


1974 – Џобс работи за производителот на видео игри Атари и посетува состаноци на клубот Homebrew Computer Club со својот пријател од средно училиште Стив Вознијак кој е неколку години постар од него. 

1976 – Apple Computer е формирана на денот на шегата 1ви Април, веднаш по креирањето на нова компјутерска матична плоча од страна на Џобс и Вознијак во гаража во Силиконската Долина. Третиот ко-основач, Рон Вејн, ја напушта компанијата по не цели две недели. Компјутерот Apple I се пушта во продажба истото лето за 666,66 долари.

1977 – Apple останува под водство на своите основачи и група инвеститори. Го открива Apple II, првиот персонален компјутер што генерира графика во боја. Профитите достигнуваат 1 милион долари.

1978 – Се раѓа ќерката на Џобс, Лиса.

1980 – Apple станува акционерско друштво, со преку 110 милиони долари во иницијалната јавна понуда, една од најголемите иницијални јавни понуди до денешно време.

1982 – Годишниот приход се покачува до 1 билион долари.

1984 – Иконската 1984 Macintosh реклама режирана од Ридли Скот е пуштена за време на Super Bowl и започнува продажбата на Macintosh.

1985 – Џон Скули од Пепсико Инк. по барање на Џобс е поставен како извршен директор на Apple. Поради расправија меѓу Џобс и Скули, Џобс и Вознијак ја напуштаат компанијата. 

1986 – Џобс ја формира Next Inc, нова компјутерска компанија која прави модерни машини за универзитетите. Исто така го купува Pixar од креаторот на Star Wars,  Џорџ Лукас  жза 10 милиони долари. 

1989 – Првиот NeXT компјутер е пуштен во продажба со цена од 6,500 долари. 

1991 – Apple и IBM Corp. ја најавуваат својата алијанса за развој на нови микропроцесори и софтвер за персонални компјутери. Apple го открива својот преносен Macs компјутер наречен PowerBook.

1993 – Компанијата го открива Newton, својот прв рачен компјутер. Скули е заменет со Мајкл Спиндлер,а компанијата бележи загуба од 188 милиони долари во месец јули. Џобс најавува фокус на софтвер наместо на цели компјутери во својата нова компанија. 

1995 – Microsoft го открива својот Windows 95 и Apple се бори со конкуренцијата.Првата комерцијална компјутерска анимација на Pixar, Toy Story е откриена. Pixar се појавува на Wall Street со иницијална јавна понуда која покренува преку 140 милиони долари.

1996 – Apple ги открива плановите да го купи  Next за 430 милиони долари со ел да дојде до оперативниот систем на Џобс. Џобс е поставен како советник во Apple. Џил Амелио го заменува Спиндлер на неговата позиција.

1997 – Џобс станува извршен директор на Apple заменувајки го Амелио. 

1998 – Компнијата се враќа во профитабилност. Отфрлен е Newton а претставено е новото изненадување во компјутерската индустрија новиот iMac десктоп со нов футуристички дизајн.

2001 – Првиод iPod е пуштен во продажба. Компанијата исто така го открива и новиот iTunes софтвер.

2003 – Лансиран е iTunes Music Store со преку 200,000 песни по цена од 99 центи, откривање начин да луѓето купуваат музика легално преку интернет. Продадени се преку милион песни само во првата недела. 

2004 – Џобс е подлежен на операција за ретка но излечива форма на рак на панкреасот. 

2005 – Компанијата го проширува асортиманот на iPod со новата мала верзија Nano. Исто така најавено е дека новите Macs компјутери ќе користат Интел чипови. 

2006 – Дизни го купува Pixar за 7,4 билиони долари.

2007 – Apple го открива својот прв паметен(smartphone) телефон, iPhone. Групи на луѓе кампуваат пред продавниците за да бидат првите што ќе ја купат новата направа.

2008 – Се појавуваат шпекулации за тешка болест поради губењето на тежина на Џобс. Тој успева со парафразирање на изрека на познатиот Марк Твен да каже дека шпекулациите за неговата смрт се преувеличувања. 

2010 – Apple продава преку 15 милиони од својот најнов уред iPad во рок од 9 месеци воведување нова ера во компјутерите на допир(touch screen)

17 Јануари 2011 – Џобс најавува отсуство поради здравствени причини без најава за време на враќање. Тим Кук го заменува Џобс во неговата работа, меѓутоа Џобс си ја задржува титулата на извршен директор.

24 Август 2001 – Компанијата најавува дека Џобс го напуштa Apple. Компанијата го претставува Кук како нов извршен директор. 

5 Октомври 2011 – Џобс умира на возраст од 56 години. Компанијата ја објавува неговата смрт без давање посебни детали околу случајот.

 
 

Нема коментари:

Објави коментар