понеделник, 3 јануари 2011 г.

Добредојдовте во EMBRA Corporation


Почитувани посетители,

Сите инвеститори, менаџери, работодавачи, вработени, студенти и истражувачи се повеќе од добредојдени да ни се придружат на нашиот блог. 


Тука имате прилика да најдете најнови информации за нашите понуди, активности, искуства и препораки кои секојдневно се собирани и креирани од нас и нашите соработници, пријатели, клиенти, поддржувачи, партнери и вработени. 


Наши клиенти се Вашите организации. Сепак, нашите пристап е насочен кон човековите ресурси. Ние се грижиме за развојот на човековите ресурси на сите нивоа, и во исто време веруваме дека организациската промена се случува од внатре кон надвор, поточно во секој човек што е вклучен во бизнис процесот. Нашите продукти не се видливи, ниту можат да се допрат. Ние нудиме интелектуални сервиси и решенија, креирани и адаптирани само за Вас. Ние истражуваме, анализираме, развиваме, советуваме, имплементираме и го проценуваме целокупниот процес потребен за решавање на Вашите проблеми и за справување со сите ситуации поврзани со Вашиот бизнис. 

Прочитајте повеќе за нашата понуда, придружете ни се со Вашите идеи, споделете ги Вашите проблеми и барања, соработувајте на сите начини кои Ви се потребни за да ги задоволите вашите потреби. Тимот на EMBRA Corporation постојано Ви е на располагање да Ви ја понуди целокупната поддршка и помош за Вашите специфични бизнис потреби. Слободно контактирајте не' за сите Ваши прашања и дилеми.

Со почит,

Благица Ризоска
Извршен директор на EMBRA Corporation


1 коментар: