среда, 29 јануари 2014 г.

Конференција за зајакнување на Гешталт Терапевти во ЦЕИ регионот




Почитувани колеги и соработници,
Советувалиште за Хумана Соработка – Гешталт Тренинг Институт, со задоволство Ве кани на првата “Конференција за зајакнување на Гешталт Терапевти во ЦЕИ регионот”, која ќе се одржи на 5ти и 6ти Април, во Скопје, Македонија.

Конференцијата има за цел, зголемување на комуникација и вмрежување помеѓу Гешталт професионалци и организации во ЦЕИ Регионот. Централниот Европски Регион се состои од следните земји кои се поканети на конференцијата: Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Алабанија, Белорусија, Австрија, Босна и Херцеговина, Чешка, Бугарија, Романија, Словачка, Унгарија, Италија и Украина. Со организација на оваа конференција, ќе придонесеме кон раст и развој на Гешталт терапијата како професија во Македонија и регионот.


Оваа конференција е само почеток на понатамошни активности за зајакнување на Гешталт терапијата како професија која може да се користи и адаптира во многу други различни полиња како: економија, бизнис развој, човекови ресурси, менаџмент и слично.
Темата на оваа конференција е Гешталт Практика во Организации - ГПО.

Детали за учество:

Доколку сте заинтересирани да учествувате на конференцијата Ве молиме испратете потврда за присуство, не подоцна од 5ти Март, 2014 на info@shs.com.mk .

Доколку сте заинтересирани да презентирате труд на темата како говорник на конференцијата, Ве молиме испратете абстракт (100 зборови), не подоцна од 15ти Февруари, 2014 на info@shs.com.mk . Финалната презентација на трудот треба да ја испратите не подоцна од 15ти Март, 2014.

Котизацијата за учество на конференцијата изнесува:
·         За Гешталт Терапевти надвор од Македонија – 100 Евра
·         За студенти на Гешталт Терапија, надвор од Македонија  – 70 Евра
·         За земји од Југоисточна Европа – 50  Евра
·         За учесници од Македонија – 25 Евра

Финалната агенда ќе биде испратена до сите учесници на 10ти Март, 2014та година.

Искрено,
Биљана Копрова,
Генерален Менаџер на Советувалеиште за Хумана Соработка
Гешталт Тренинг Институт




петок, 27 декември 2013 г.

Систем за мерење на учинок - ЕМБРА е правиот избор















среда, 27 ноември 2013 г.

ЕМБРА Корпорација - Ваш доверлив партнер















Понуда за обука на вработени во Контакт Центар

Цели на обуките

Основна цел: Усовршување на комуникациските вештини на вработените во контакт центар

Останати цели:

·         Зголемување на комуникациски вештини
·         Јакнење на самодоверба
·         Привлекување на нови клиенти и задржување на веќе постоечките клиенти
·         Справување со конфликти
·         Тимско работење



1. Обуки на вработените

 Комуникациски вештини

·         Комуникација во бизнис светот
o   Начини на комуникација
o   Елементи на комуникација
o   Видови на комуникатори
·         Како се стекнува и оддржува самодоверба во комуницирањето
o   Активно слушање
o   Бариери и пречки при комуникацијата
·         Интерактивна вежби за комуникација
·         Стилови на комуникација (Како се придобиваат луѓето)

Асертивно реагирање

·         Справување со тешки клиенти
o   Одбивање и сега?
o   Водење и насочување на тешки разговори
o   Улога на прашања и одговори

Стрес и „прегорување„

·         Техники за справување со стрес
o   Зголемување на самодоверба
o   Прифаќање на критика
o   Позитивно мислење и придобивање на луѓето

Конфликт менаџмент

·         Разрешување на конфликтни ситуации
o  Видови на конфликти
o  Справување со конфликти (стилови на справување)
o  Анализа на конфликтот
·         Справување со лутина и фрустрација
o Анализа на сопствените чувства на лутина и ситуации кои ја предизвикуваат
o Справување со клиенти кои се лути и агресивни
o Што им е потребно на лутите клиенти?
·         Интерактивна работа во групи за справување со тешки клиенти

Продажни вештини

·         Основи на продажбата, предуслови
·         Фази на продажниот процес
·         Карактеристики на успешен продавач
·         Игра на улоги: Отварање на продажба и почеток на продажна презентација.
·         Продажна презентација : Концепт на успешен продажен разговор
·         Игра на улоги: Продажен разговор и затварање на продажбата.




2. Обуки за менаџери во контакт центри

·         Менаџерски и организациски вештини
·         Мотивација на тимови во контакт центри


3. Евалуација: По еден месец ќе се одржи супервизиска работилница со цел утврдување на ефектите од усвоеното и детектирање на дополнителни потреби

Методологија на работа

·         Интерактивни вежби
·         Презентации
·         Студии на случаи
·         Перформанси

Времетраење и локација:  По претходен договор со клиентот, обуките можат да се реализираат во наши или ваши простории како и надвор од работниот простор.

Бројот на часови за претходно избраните теми зависи од потребите на клиентот. Обуките можат да бидат целодневни (еднодневни, дводневни итн.) или пак по три-четири часа во текот со фрекфенција која одговара на потребите на клиентот. Препорачана група за успешно обавување на обуката е 7 до 12 учесници.

Сертификати: На крајот на оваа обука сите учесници ќе добијат сертификат за учество.



За успешно да се реализира овој проект истиот би требало да се одвива по следните фази:

Фаза 1: Анализа на моменталната состојба и активностите во контакт центарот: наши консултанти ќе бидат присутни и ќе ја набљудуваат работата на операторите и ќе преслушуваат разговори

Фаза 2: Анкетен лист за проценка на комуникациските вештини

Фаза 3: Доставување и прифаќање на конкретна програма за обуките и агенда за истите

Фаза 4: Спроведување на обуките според предходно утврдено време и место

Фаза 5: Евалуација на обуките

Фаза 6: Мерење на ефектите од обуката


Овој проект би требало да се заврши во рок од еден месец. Во текот на месецот консултантите ќе бидат достапни за менторство на секој од вработените.



Понуда за психолошко тестирање на кандидати за вработување


Денес е клучно за компаниите да вработат лица кои со своето знаење и способности се соодветни за работните позиции. За нив од иста важност е на вистинските лица, кои се веќе вработени, да им дадат унапредување. Наодите од психолошките тестирања се од голема важност затоа што ни даваат квалитетни и корисни информации за личноста и способностите на лицето кое аплицира за работа, односно кое е веќе вработено.

Цел на тестирањето

Пронаоѓање на вистинските лица кои ќе бидат способни соодветно да ја извршуваат работата во рамките на одредена работна позиција.

Методологија

Психолошките тестирања се состојат од тестирање и интервјуирање на кандидатите кои аплицирале за работното место. Постојат повеќе видови тестови кои се користат во процесот на селекција. Дел од нив се фокусираат на специфичното знаење кое е потребно за успешно да се извршува работата, дел ја мерат моторната способност на лицата, а дел се фокусираат на нивните лични карактеристики. Целта на користењето психолошки тестови во процесот на селекција на кандидати е да се процени:

·         Нивото на интелигенција
·         Нумеричките способности
·         Креативноста
·         Личните карактеристики
·         Начинот на функционирање во тим
·         Менаџерските способности, итн.

По спроведеното тестирање и интервјуирање, наодите од тестовите и интервјуто се сумираат и обработуваат од страна на психолози и се пишува психолошки наод и мислење, во кој се наведуваат резултатите од спроведените тестови и се дава мислење, односно препорака за кандидатот кој аплицирал. На крај, од групата кандидати се предложува најсоодветниот кандидат за позицијата.

Повеќе информации околу тестовите и психолошките наоди и мислења, односно примери за истите можете да најдете во прилог на оваа понуда.

Психолошки тестови: краток опис и примери

Воведен дел

Извештајот на почетокот содржи кратка информација за тестовите кои се користени во тестирањето и генералниот впечаток на психологот за кандидатот. Во него се вклучени начинот на однесување на лицето и импликациите кои тоа ги носи за извршувањето на работните задачи.

Пример 1: Апликантот Б. К. беше тестиран со 8 различни тестови кои беа користени за да ги измерат неговите интелектуални способности, карактеристики на личност, како и општи познавања, математички знаења и познавања по англиски јазик. Во текот на тестирањето Б. К. немаше проблеми со завршување на тестовите во временската рамка. Беше сконцентриран, без видливи знаци на вознемиреност. Единствено што се промени кај него како резултат на стресната ситуација беше бојата на гласот и начинот на изразување. Под голем притисок, Б. К. станува анксиозен и не може во целост да ја контролира напнатоста. Сепак, квалитетот на неговите одговори не опаѓа и успешно ги завршува сите задачи кои се поставени пред него.

Тестови за мерење на интелектуалните способности

·       Равенови прогресивни матрици е невербален тест, односно тест во кој прашањата се во форма на слики и шеми. Задачата на лицето кое се тестира е да избере една форма која недостасува во шема прикажана на слика. Со него се мери општата интелигенција.
·       ВИТИМ мери општа интелигенција. Во него се вклучени тестови за: информации, речник, сфаќање, аритметика, броеви, сличности, стрип, коцки, склопување фигури и шифри.
·       VB-II Скала мери општа интелигенција. Во него се вклучени тестови за: општи познавања, сфаќање, помнење, математички способности, споредување, речник, сличности, стрип, коцки, склопување фигури и шифри.

Пример 2: Б. К. е натпросечно интелигентен со коефициент на интелигенција во границите од 120 до 130, според  Равеновите прогресивни матрици (тестот што беше користен за мерење на интелектуалните капацитети на кандидатот). Натпросечно високиот скор на тестот за интелигенција укажува на особа која поседува високо развиени способности за справување и разрешување на проблеми, како и за брзо адаптирање на нови ситуации. Б. К. е флексибилен, силно насочен и отворен кон нови искуства. Тој е високо адаптиран, социјализиран и прифатен во средината во која живее.

Тестови за мерење на емоционалните капацитети

Тестовите за емоционална интелигенција вклучуваат процена на способноста за контролирање, препознавање, изразување и  справување со своите емоции и со  емоциите на другите. Прашалникот за мерење на емоционалната интелигенција мери општа емоционална интелигенција, добросостојба, самоконтрола, социјабилност и емоционалност.



Б. К. има просечен коефициент на емоционална интелигенција и скоро во сите емоционални аспекти е стабилен и урамнотежен. Тој успешно ги препознава своите емоции и кај себе и кај другите. Социјабилен е, емпатичен, доверлив и топол. Околината го доживува како „човек на кого можеш да се потпреш“. Единствено пониско се развиени способностите за самоконтрола, што може да значи дека Б. К. понекогаш се чувствува исфрустрирано и неприфатено. Исто така, може да значи импулсивно реагирање, но во овој случај тоа е најчесто насочено кон самиот себе, а не кон околината. Б. К. ги ретрофлектира (враќа кон себе) негативните емоции и многу често чувствува грижа на совест или се обвинува себеси.


Тестови за мерење на менаџерските способности

Тестовите за мерење на менаџерските компетенции вклучуваат процена на капацитетите на менаџерите или потенцијалните менаџери за справување со работните задачи и предизвиците на менаџерската позиција. Прашалникот за мерење на менаџерските способности ја мери способноста за стратешко мислење, етичкото однесување, менаџирањето на другите, односите со другите, однесувањето во тимот, комуникациските способности, планирањето, ориентираноста кон успех, влијанието врз другите, контролата врз емоциите и стресот, личниот раст и развој, барањето информации (истражување) и донесувањето одлуки.

Пример 4: Скоро сите способности за менаџирање се високо развиени, иако според претходно добиените резултати Б. К. е повеќе насочен кон градење на добри емотивни односи со луѓето отколку кон покажување на авторитет. Б. К. има високо изразена способност за градење на тимови и топли меѓучовечки односи. Поради неговата намалена способност за контролирање на емоциите и стресот, тој често може да се чувствува несигурен во она што го прави. Сепак, заради неговите високо развиени вештини за социјализирање, тој не го пренесува тоа чувство на другите, туку делува смирено и ги насочува кон конструктивни реакции.


Тестови за личност


Целта на тестовите за личност е да опишат аспекти на карактерот на лицето кои остануваат стабилни во животот на луѓето, односно карактерот на лицата изразен во однесување, мисли и чувства. Во нив спаѓаат:

·      ММПИ
·      НЕО-ПИ-Р
·      ИПС
·      ТНР
·      Маховер
·      Ниво на самопочитување, итн.

Пример 5: Кандидадот Т. Т. добро се снаоѓа со другите. Со неговото умерено, контролирано и скромно однесување тој лесно може да работи со лица со различни стилови на однесување. Тој е внимателен, трпелив и секогаш спремен да им помогне на оние кои ги смета за пријатели. Покажува тенденција да гради блиски врски со релативно мал број колеги. Покажува напор за да оствари и одржи постојани и познати шеми на однесување. Најефективен е во специјализирани области на работа, ја планира својата работа во веќе утврдени шеми на работа и покажува забележителна конзистентност во успешноста на работата. Постојаната поддршка од другите му помага да го оддржи успехот. Од друга страна, Т. Т. споро се прилагодува на промени. Доколку претходно е информиран за промените кои ќе настанат во работната процедура, тој има време да го промени начинот на работа и да го одржи високото ниво на успех. Т. Т. може да бара помош при почетокот на нови проекти и во развојот на брзи методи за работа со цел да ги испочитува крајните рокови. Проектите кои веќе ги завршил често ги става на страна за да ги погледне уште еднаш и да направи последни промени.

Карактеристики на Т. Т.:


ЕМОЦИИ: пресметан и умерен, прилагодлив.
ЦЕЛ: статус кво; контролирана средина.
ГИ СУДИ ДРУГИТЕ СПОРЕД: степен на пријателство, а потоа компетентност.
ВЛИЈАЕ НА ДРУГИТЕ ПРЕКУ: постојаност во квалитетот на работата; прилагодливост.
ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА: планер, конзистентен, одржува постојан ритам на работа.
ПРЕТЕРУВА ВО: скромност, конзервативност.
ПОД ПРИТИСОК: се адаптира на оние кои имаат авторитет.
СТРАВ ОД: промена, неорганизираност.
ЌЕ ЈА ЗГОЛЕМИ ЕФЕКТИВНОСТА СО: искрена пофалба; скратени, брзи методи на работа.

Врз основа на одговорите на Т. Т., тој  работната средина може да ја доживее како напорна. Тој исто така може да се обиде да развие нов стил на работа додека се прилагодува на очекувањата на другите. Во однос на средината може да постојат специфични барања кои ќе му предизвикаат стрес. Т. Т. изгледа како да е сосема комфорен со својот идентитет.


Тестови за тимски улоги

Тестот за тимски улоги БЕЛБИН е исклучително корисен тест кој помага да се изградат продуктивни работни односи, да се изберат и развијат успешни тимови, да се создаде свесност кај лицата за себе и за личната ефективност и да се изгради заемна доверба и разбирање.

Пример 6: Според резултатите добиени на тестот за тимски улоги, кандидадот Т. М. има улога на Истражувач на Ресурси (RI) и Мониторинг/Евалуатор (ME) во рамките на тимот. Карактеристиките на овие доминантни тимски улоги се опишани во табелата која следува:

БЕЛБИН Тимски Улоги
Придонес
Допуштливи Слабости
Предлог за распределба
на задачи
Истражувач на ресурси RI
Екстровертен, ентузијастичен, комуникативен. Ги истражува можностите. Развива контакти. Истражува и известува за идеи, развој и ресурси надвор од групата. Креира екстерни контакти кои може да бидат од корист за тимот, води преговори.
Преголем оптимист. Го губи интересот кога ќе помине иницијалниот ентузијазам.
Би требало да биде одговорен за развој на надворешни контакти и истражувања на нови можности. Потребна му е шанса за водење на преговори, но мора да ѝ рапортира на групата.
Мониторинг/Евалуатор ME
Воздржан, стратешки ориентиран, прониклив. Точно оценува. Анализира проблем, евалуира идеи, за тимот да може подобро да донесува балансирани одлуки.
Му недостасува поттик и способност да инспирира други.
Би требало да биде одговорен за проверка дека сите опции и труд кои се вложени се земени во предвид. Потребна му е клучна улога во планирањето. Одлучувач во случај на контроверзност.

Тестови за стилови на комуникација

Прашалникот за стилови на комуникација дава информации за начинот на кој кандидатот се гледа себеси, како делува во секојдневниот живот и како воспоставува комуникација со другите луѓе.

Пример 7: Според прашалникот за стилот кој кандидатот го има при комуникација со другите луѓе, кандидатот Т. М. спаѓа во категоријата Процес (одговара на прашањeто „Како“ и најмногу го интересираат резултати, цели, постапување и постигнување) и Луѓе (одговара на прашањето „Кој“ и го интересираат комуникација, врски и тимска работа). Карактеристиките на овие комуникациски стилови се детално опишани во табелата која следува:



СТИЛ
Луѓе со ваков стил се
насочени кон:
Луѓе со ваков стил се:
ПРОЦЕС (ПР)
Факти
Процедури
Планирање
Организирање
Контролирање
Тестирање
Испробување
Анализа
Опсервации
Доказ
Детали
Систематски (чекор по чекор)
Логички (причина и последица)
Се потпираат на факти
Зборливи 
Неемотивни
Внимателни
Трпеливи

ЛУЃЕ (Л)
Луѓе
Потреби
Мотивација
Тимска работа
Комуникации
Чувства
Тимски дух
Разбирање
Индивидуален развој
Чувствителност
Свесност
Соработка
Верувања
Вредности
Очекувања
Врски

Спонтани
Сочувствителни
Топли
Субјективни
Емоционални
Перцептивни
Чувствителни
Препорака (Психолошки наод и мислење)

Врз основа на резултатите од спроведените тестови се создава препорака за кандидатот. Таа содржи информации за неговите карактеристики, начинот на кој би функционирал во работната средина и начинот на кој би одговорил на работните задачи. Во неа се нагласува видот на работното место во кое тој би бил најуспешен и за кое намногу би придонел со своите личносни карактеристики.

Пример 8: Кандидатот Б. К. би бил успешен во сите оние професии кои бараат високо интелектуално ангажирање, динамичност и темелност. Станува несигурен кога е под голем притисок или кога е авторитативно раководен. Повеќе му одговара демократски стил на делегирање и водење кој би му овозможил да има чувство на контрола врз работите и слобода во изразување и донесување на одлуки. Б. К. би бил успешен на работна позиција тесно поврзана со воспоставување на контакти со други луѓе, заради неговите високо развиени комуникациски способности, топлиот афект и високото ниво на емпатија.

*Покрај горенаведените тестови, центарот располага со повеќе од 30 тестови на руски јазик како и со батерија на тестови на знаење (Проценка на знаење на странски јазици, Математика, Логички тестови итн.). Воедно, центарот располага со серија на тестови за професионална селекција и ориетација.